Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведувања за пијанство и марихуана, пријава за физички напад од повеќе лица

На 30.10.2025 во 00:20 часот полициски службеници од СВР Битола, во с. Долно Оризари, битолско, поради нарушување на јавниот ред и мир со оддавање на пијанство лишиле од слобода 43-годишен маж од с. Долно Оризари. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.  

На 29.10.2025 во 13:15 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода две лица на возраст од 23 и 21 година, двајцата од Битола, бидејќи при преглед кај едното лице била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.  

На 29.10.2025 во 12:00 чaсот  во СВР Битола Е.М.(45) од Битола пријави дека во угостителски објект лоциран во старата битолска чаршија бил физички и со тврди предмети нападнат од повеќе. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »