Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 18 степени

Денес, четврток, 30 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 18 степени.

Утре, петок, 31 октомври, во Битола времето ќе биде претпладне со услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 19 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »