Пелистер – Тиквеш 0:0
Денес во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ екипите на Пелистер и Тиквеш одиграа лош натпревар, без голови но и без некоја шанса за гол, во рамките 11. коло.
Во првото полувреме, ако може да се каже дека се создадоа две полушанси за гол, од двете екипи. Прво за Пелистер се обиде Белиќ во 3. минута, а Тиквеш преку Миловановиќ во 27. минута.
Натпреварот продолжи со многу празни додавања, полуцентаршути, Имаше многу тактизирање, многу грешки, а шанси за гол кои беа сериозни во продолжението немаше. Со ваква лоша игра, двете екипи ги намачија малубројните љубители на фудбалот кои во вечерен термин по ладно време беа на стадионот.
И двата тима покажаа зошто се најнеефикасни екипи во македонскиот фудбал, со по осум постигнати гола на единаесет натпревари.
Пелистер девет натпревари по ред е без победа во ПМФЛ, и е десетти со осум бода. Во следното коло Пелистер игра дома со Вардар.
Сашо Ристевски







