ТТК Банка АД Скопје го одбележи Меѓународниот ден на штедењето започнувајќи со посета на дечиња од градинката “Пролет“, а потоа со посета од страна на второодделенци од ОУ „Коле Канински“ – Битола.
Со ова ја продолживме долгогодишната светска традиција која започнала во 1924 година, кога во Милано, од страна на Меѓународниот банкарски сојуз, овој ден е прогласен за Меѓународен ден на штедењето, како и повеќе од 15-годишната пракса на ТТК Банка овој ден да го прославува со најмладите и идните наши генерации.
ТТК Банка, како општествено одговорна организација, дава особена важност на финансиската писменост на сите клиенти, пред сè на најмладите.
Покрај запознавањето со значењето и начинот на штедење, дечињата имаа можност да се запознаат и со останатите банкарски производи и процеси во нашето работење.
Добиваа пригодни подароци, а секако најважна е пораката што ќе ја понесат со себе – дека треба да бидат финансиски писмени и одговорни.
Штеди денес, за да ги имаш благодетите утре!
Фото: Дамијана Ристевска






