По повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, МИНТ Финтек Групацијата ги отвори вратите на своите главни канцеларии во Битола и организираше посета за најмладите, децата од детската градинка „Пролет“. Во духот на едукацијата и добрите финансиски навики, децата имаа можност да се запознаат со симболиката на штедењето и да научат како преку мали чекори може да се создадат големи навики. Со нивните насмевки и прашања за тоа „како растат парите“, денот доби најубава смисла.
Во духот на едукацијата и добрите финансиски навики, децата имаа можност да се запознаат со симболиката на штедењето и да научат како преку мали чекори може да се создадат големи навики. Со нивните насмевки и прашања за тоа „како растат парите“, денот доби најубава смисла. Секое дете доби специјално дизајнирана Mint касичка – со мотиви од вселената и природата – симбол на љубопитност, раст и одговорност. Покрај тоа, децата изработија и цртежи на тема „штедење“ кои останаа изложени во канцелариите на компанијата како потсетник дека најубавите инвестиции се оние во иднината.
Секое дете доби специјално дизајнирана Mint касичка – со мотиви од вселената и природата – симбол на љубопитност, раст и одговорност. Покрај тоа, децата изработија и цртежи на тема „штедење“ кои останаа изложени во канцелариите на компанијата како потсетник дека најубавите инвестиции се оние во иднината. „Во Mint Fintech Group веруваме дека финансиската писменост почнува уште од најрана возраст – преку игра, боја и инспирација. Затоа секоја година на овој ден сакаме да им ја приближиме на децата идејата за штедење како нешто убаво, креативно и значајно,“ велат од компанијата.
„Во Mint Fintech Group веруваме дека финансиската писменост почнува уште од најрана возраст – преку игра, боја и инспирација. Затоа секоја година на овој ден сакаме да им ја приближиме на децата идејата за штедење како нешто убаво, креативно и значајно,“ велат од компанијата. Настанот беше организиран во соработка со воспитувачите од ЈОУДГ „Естерија О. Мара“ – објект „Пролет“, а ќе продолжи и утре во знак на Денот на осигурувањето, со нови активности посветени на безбедноста и довербата.
Настанот беше организиран во соработка со воспитувачите од ЈОУДГ „Естерија О. Мара“ – објект „Пролет“, а ќе продолжи и утре во знак на Денот на осигурувањето, со нови активности посветени на безбедноста и довербата. Mint Fintech Group продолжува да вложува во развојот на финансиската едукација и општествената одговорност, градејќи култура на штедење и доверба меѓу најмладите генерации.
Mint Fintech Group продолжува да вложува во развојот на финансиската едукација и општествената одговорност, градејќи култура на штедење и доверба меѓу најмладите генерации.

Децата од градинката „Пролет“ во посета на МИНТ Финтек Групацијата по повод Денот на штедењето
More from ВестиMore posts in Вести »
- Гран при за Ема Зафирова на 33. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- Пелистер Волеј утрешниот, првенствен, го прогласи за хуманитарен натпревар
- Јубилеј во Библиотеката, 20 години Роднокрајни средби на битолските писатели
- Вечер со Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм започнува празнувањето на 4-ти Ноември
- Новите советници ги добија Уверенијата, идниот Совет ќе се конституира идната седмица!?





