Press "Enter" to skip to content

Коњановски од денес и официјално и со втор мандат за градоначалник

Денес, на Тони Коњановски му беше врачено Уверението за избран градоначалник, кој ќе раководи со општина Битола во наредните 4 години од страна на претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски.

По добивањето на уверението Коњановски рече:

-Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа во интерес на граѓаните на Битола. Кога ќе направам ретроспектива на изминатите 4 години, во кои се реализирани стотици проекти кои донеле подобар живот во општината и подобри услови за граѓаните, не можам, а да не бидам горд. Се градеше насекаде, од централното градско подрачје, до најоддалечените рурални места. Се работеше на јавните објекти, топлификацијата, инфраструктурата, културата, спортските објекти, се изградија патишта од над 50 километри. И сѐ уште се гради, не само поради проектите кои што ги започнавме, туку затоа што веруваме дека нашиот град заслужува да има иднина, заслужува да биде поквалитетно место за живеење и заслужува да се движи напред.

-Во следните четири години, очекувам дека ќе дојдат резултатите со кои ќе се заокружат најголемиот дел од сегашните проекти и од еден град кој пред само неколку години беше слепо црево, Битола ќе си го врати својот препознатлив сјај. Битола и битолчани го заслужуваат тоа. Поставивме цврсти темели врз кои ќе може да се надоградува модерна, урбана, чиста и динамична Битола, со темели на инфраструктура, на енергетска ефикасност, на нови образовни стандарди, на култура и спорт, на заштита на животната средина…

More from ВестиMore posts in Вести »