Со доделување на Уверенијата на новозбраните советници, денес во салата на Советот на Општина Битол, Општинската изборна комисија успешно ги финализира работните активности.
Денес на свечен начин претседателот на Општинската изборна комисија од Битола, Игор Талевски, им ги врачи уверенијата на новите 31 советник.
Во новиот состав мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ Битола и коалицијата освоија 16 советнички мандати со вкупно освоени 16.176 гласови, СДСМ и коалицијата освоија 5 советнички мандати со освоени 5.386 гласови, Група избирачи Миле Трајковски освоија четири советнички мандати со освоени 4.148 гласови, Левица освоија два мандати со освоени 2.237 гласови, ЗНАМ – Движење за Македонија еден мандат со освоени, ЛДП и коалицијата еден мандат со освоени 1154 гласови, Граѓанска Иницијатива ГРИН освои еден манадат со освоени 1041 глас и НАИ освои еден мандат со освоени 1004- Валдета Мусаи Фејзуловска.
Најверојатно идниот Совет ќе биде конституран идната седмица, а со конститутивната седница ќе заседава најстариот советник од новиот состав.






