На 31.10.2025 во 01:00 чaсот во СВР Битола М.В. пријави дека во студентски дом во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 29.10.2025 околу 15:30 часот во СВР Битола е пријавено дека во Казнено поправната установа Затвор Битола, при извршен претрес на осудено лице на возраст од 39 години од Струга, била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2025 во 16:40 часот во СВР Битола е пријавено дека Н.П. (19) од Битола во градскиот парк во Битола бил физички нападнат од малолетник од битолско. Се преземаат мерки за расчистување настанот.
На 30.10.2025 во 11:15 часот во СВР Битола е пријавено дека во атарот на с. Трново, битолско, била пронајдена артилериска граната. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било утврдено дека се работи за артилериска граната од Првата светска војна и таа била безбедно подигната.






