Во рамките на празнувањата на 4. Ноември по повод Денот на ослободувањето на Битола, утре со почеток во 18 часот, на Широк Сокак ќе се одржи ноќната атлетска трка во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола, која ќе се одржи по 67. пат и најстарата спортска манифестација на градот и пошироко.
На утрешната ноќната атлетска трка, која и годинава ќе трчаат околу 800 основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани, а ќе се натпреваруваат во 24 категории во машка и женска конкуренција.
-Ова е 67-мо издание на една од најстарите спортски манифестации кај нас. Сојузот на спортови целосно се посвети за уште едно масовно издание на нашите ученици, спортисти, граѓани. Годинава подготвивме изненадувања и на сите натпреварувачи им посакувам да ја завршат трката, рече претседателот на Сојузот на спортови, Сашо Павловски.
Традиционално, разбирливо поради тоа што има најмногу ученици во организацијата да биде вклучен и Општинскиот сојуз на училишен спорт, а претседалот Михајло Трампевски рече:
-Прво сите да си честитаме за одржувањето на една толку стара ноќна трка, во која има голем број на учесници, а ние како училишен спорт и оваа година ќе биде дел од трката. Ќе ги анимираме децата, ќе бидеме на стартот на трката, по патеката и на целта. Очекуваме одлична трка и голем број учесници.
Ноќната трка ќе започне по 18:00 часот на Широк сокак, а целната линија ќе биде на плоштадот “Магнолија“, каде што ќе се доделуваат и наградите.









