Press "Enter" to skip to content

Драматичен натпревар, пораз на Пелистер Волеј во Битола со одлучувачки петти сет (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Младост УГД 2:3 

Во драматичен натпревар кој се одигра во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, во рамките на 4. коло од Првата одбојкарска лига на Македонија, Пелистер Волеј е поразен од Младост УГД со резултат 2:3 по сетови, а за жал по втор пат по ред освоија само еден бод.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, по направената анализа за натпеварот вели:-Игравме добро на почеток од натпреварот и првиот сет го добивме со 25:22, но пресуден беше вториот сет кој го започнавме фуриозно со 10:2 во наша полза, а сепак дозволивме долга серија на противникот која внесе непотребна нервоза кај нас и тоа некако не исфрли од ритам, па наместо 2:0 имавме израмнување од 1:1. Во третиот сет се осети падот во играта од тоа што недозволиво го загубивме вториот, а во четвртиот повторно покажавме дека Пелистер не се откажува лесно. Петтиот одлучувачки сет не искористивме неколку чисти шанси за уште подраматична завршница, и среќата отиде кај противникот.

-Секогаш говорам дека неблагодарно е да се вперува прст во никого кога играте пет сета, затоа играчите мора мирно и трпеливо да продолжат по зацртаниот пат. Знам дека сите очекуваат лесни победи и дека не е доволно тоа што играме допадливо и драматично, но сметам дека не треба така лесно да ги напаѓаме оние кои што даваат се од себе на тренинзите и долу на теренот, додава Митковски.Во првите 5 кола Пелистер Волеј играше со трите најдобри екипи во последните неколку години кои играат на меѓународна сцена и тоа има своја тежина, првенството е долго, тимот  макотрпно се гради, а форматот е прекрасен и нуди шанса за секого.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »