На 02.11.2025 во 23:30 часот во СВР Битола, 42-годишен штипјанец пријави дека во 20:00 часот, неговиот малолетен син, ученик во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух во Битола, бил физички нападнат од една вработена негователка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 01.11.2025 во 10:00 часот во СВР Битола е пријавено дека на бул. „1 Мај” во Битола, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица на возраст од 36 и 67 години, двајцата од Битола. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 02.11.2025 во 15:50 часот во СВР Битола, 49-годишна битолчанка пријавила дека во октомври 2025 година, малолетник извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






