Press "Enter" to skip to content

Битола повторно центар за параглајдеристите, годинава исполнет максимумот, на залетиштето под Антена 47 параглајдеристи (фото галерија)

-И оваа година успешно изведено традиционалното летање со параглајдери од Антена – Пелистер, по повод, 4. Ноември, денот на ослободувањето на Битола .Веќе 12 години битолскиот клуб за слободно летање со параглајдери “Летачки конзули“ го организира овој настан, што е можеби најпривлечниот и најпосакуван настан за парглајдеристите од Битола, Македонија и пошироко. Основен услов за изведување на овој настан се временските услови кои и годинава како и минатат година без поволни. На настанот учествуваа 47 парагладеристи, што е рекорден број за овој настан. Битолчани веќе го исполнија максимумот и како што вели претседателот на “Летачки конзули“  Оливер Цветковски, веќе не сме во состојба да примиме повеќе параглајдеристи за овој настан, а интересот е се поголем, а за се што се случуваше деновиве разговаравме со Цветковски.Како помина настанот и кој е поводот?

-Па како и секоја година и оваа година „Летачки конзули“ од Битола го организира овој настан заедно со општина Битола. Оваа е веќе 12-та година од како почнавме со организација на традиционално летање по повод 4. Ноември денот на ослободувањето на Битола. Секоја година не е успешна. Директно сме зависни од временските услови. Оваа година имавме среќа исто како и лани. Да се надеваме дека и вгодина ќе не послужи среќа. Инаку самиот настан помина одлично. Најважно е дека сите полетавме и слетавме безбедно. Имавме поголем интерес од лани, годинава се пријавија дури 47 параглајдеристи од Македонија, што слободно можам да кажам дека е рекорд да се собереме не едно место. Дури на македоска параглајдин лига и на државното македонско првенство се пријавуваат помалку. Мислам дека го достигнавме максимумот, ако имавме повеќе пријавени ќе имавме проблем. Зошто не би можеле да примите повеќе параглајдеристи за овој настан, кои се причините со кои ограничени?

-​Има повеќе причини, пред се најголем предизвик е транспортот. Да се организира транспорт до врвот на Баба планина за 50-тина луѓе е навистина предизвик. Овој настан во никој случај не би можеле да го реализираме ако за траснпортот не ни помогне РЕК “Битола“. Само со нивните возила можеме да превеземе толкав број на луѓе. Ако тоа би го правеле со теренски возили, потребни ќе ни бидат најмалку 12-на возила, што е невозможно да се обезбедат. Па така би сакал да ја искористам оваа прилика и најдлабоки да му се заблагодарам на колегиумот на РЕК “Битола“, без кои овој настан не би можеле да го изведиме. Исто така голема благодарност и до возачите на теренските возила кои се покажаа како вистински професионалци. Патот до врвот  Пелистер е навистина лош и само вистински професионалци и храбри возачи можат тоа да го реализираат. Се искачувавме речиси три часа. По патот наидовме на доста природни препреки и само со вешти возачи истите можеа да се избегнат.​Втората причина е полетиштето од врвот. Во зависност од насоката на ветрот избираме место на полетување. За разлика од лани каде полетувавме од најголемото полетиште, оваа година имавме малку појужна компонента на ветрот и мораше да одима на помалиот старт каде полетувавме еден по еден, па така ни беше потребно многу повеќе време за разлика од лани, а денот е краток. Ако имавме уште десетина параглајдеристи не сум сигурен дека сите успешно ќе полетаа.Која е причината за толкавиот интерес?

Видете, нашиот спорт е директно зависен од врменските услови.  За активно летање потребна ви е термика, односно вертикално струење на воздухот со кое се искачување до некоја висина. Се сеќавате пред неколку години јас, Валадимир Јовевси и Даниел Нумановуќ се искачивме на 4.050 метри надморска висина над селото Ѓавато. Тоа ретко се случува, но во нормални летни денови без пробем се искачуваме на 3.000 метри. Кога тоа ќе го достигнеме почнуваме да патуваме, но притоа губиме висина. Ако сте се искачиле на 3.000 метри по теорија можете да прелетате 30 километри.  Значи за да се направи тоа вертикално струење на воздухот потребно е сонцето да загрее некоја површина и да направи темературна разлика во одредено подрачје од околу 2,5 С0 . Тогаш тој загреан воздух тргнува да се движи нагоре каде постепено се лади. Наша задача како и на птиците е да ја најдеме таа загреана површина и да го искористиме тоа струење за наше кревење. Се разбира птиците тоа го прват многу подобро од нас.

Е сега, во овој период од годината таквите вертикални струење се многу слаби, и тоа кревање на горе е речиси невозможно, па така само полетуваме и слетуваме. Пример од Крушево летот во вова време би ни траел околу 10 минути, за разлика на лето кога летаме и по 5-6 часа. Но затоа го имаме Пелистер каде иамаме старт од 2.600 метри и каде можеме да летаме 30 минути ако само се спуштеме, но исто така стартот е над инверзија па така можеме и да креваме. Да не должам околу метерологијата, лани летавме околу 2 часа и тоа само затошто полетавме од голема висина. Ако полетавме од Крушево само ќе се спуштевме. Со други зборови во вовој период од годината “фаќање термика“ возможно е само на големи висини.Ова се причините за големиот интерес, бидејќи само Пелистер во овој е период нуди добро летање, и секако самата планина и нејзините убавиви во овој есенски период се нешто посебни, тоа можете да го видите од фотографиите.

More from ВестиMore posts in Вести »