Press "Enter" to skip to content

Вечер бесплатен промо концерт во Битола – Ново име, иста музичка душа

Како што најавивме во септември, Битолски Камерен Оркестар IWConnect ќе се ребрендира со ново име, со цел да се направи јасна дистинкција со Националната Установа Камерен Оркестар на Битола, институцијата што произлезе од долгогодишната и макотрпна работа на овој оркестар.

Иако првичниот план беше новото име да се открие во септември, решивме да го направиме тоа на 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола, како симболичен начин да ѝ се оддолжиме на публиката и на градот кој отсекогаш бил извор на култура, традиција и уметност. Овој настан ќе се одржи во нашиот матичен град од кој започнавме, местото каде што беа создадени првите проекти, првите аплаузи и првите соништа.

Концертот е бесплатен, и ќе се одржи на 4 ноември (вторник) со почеток во 21:00 часот, во Големата сала на Центарот за култура, Битола. Оваа вечер ќе биде посветена на музиката, благодарноста и новиот идентитет што го претставува континуитетот, љубовта и развојот на оркестарот.
Напомена: Со цел да се овозможи фер пристап до концертот една личност може да подигне најмногу две карти одеднаш.

Карти можете да обезбедите преку линкот https://yournextevent.info/events/besplaten-promo-koncert и во Тобако Димпо.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »