Како што најавивме во септември, Битолски Камерен Оркестар IWConnect ќе се ребрендира со ново име, со цел да се направи јасна дистинкција со Националната Установа Камерен Оркестар на Битола, институцијата што произлезе од долгогодишната и макотрпна работа на овој оркестар.
Иако првичниот план беше новото име да се открие во септември, решивме да го направиме тоа на 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола, како симболичен начин да ѝ се оддолжиме на публиката и на градот кој отсекогаш бил извор на култура, традиција и уметност. Овој настан ќе се одржи во нашиот матичен град од кој започнавме, местото каде што беа создадени првите проекти, првите аплаузи и првите соништа.
Карти можете да обезбедите преку линкот https://yournextevent.info/events/besplaten-promo-koncert и во Тобако Димпо.











