Денес, вторник, 4 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидромереоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен северен ветер. Температурата во Битола до 13 степени.
Утре, среда, 5 ноември,во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 15 степени.





