СВР Битола поднесе кривична пријава против 46 годишно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување’’.
Пријавениот, во својство на управител на правен субјект, без да обезбеди решение за одмор и одлуки за отсуства од друштвото, за периодот од 14.08.2020 до 17.09.2024 неоправдано отсуствувал од работа вкупно 140 дена и на тој начин се стекнал со имотна корист во вредност од 389.099 денари






