Press "Enter" to skip to content

Утре нов европски натпревар, во Битола кошаркарите на Пелистер ја пречекуват Цедевита

Кошаркарскиот клуб Пелистер победнички дебитираше на домашен терен во ФИБА Европа купот, а веќе утре имаат нов предизвик пред битолската публика, овојпат против хрватскиот ривал Цедевита јуниор.

Билетите за овој натпревар се пуштени во продажба во „ЗИКС“ и можат да се купат по цена од 200 денари. На денот на натпреварот билети ќе можат да се купат и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“.

Ова е исклучително важен меч, на кој победа ќе значи и задржување на шансите за пласман во следната фаза од ФИБА Европа купот. Противникот е квалитетен, а на нашите кошаркари ќе им биде неопходна поддршка од трибините во борбата за овој значаен триумф. Добрите резултати од домашното првенство да ги пренесеме и на европската сцена, тоа го можеме само заедно, со битолската публика како шести играч…

Натпреварот меѓу Пелистер и Цедевита јуниор се игра в среда со почеток во 20 часот. 

More from ВестиMore posts in Вести »