Press "Enter" to skip to content

Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот претседател на Советот на Општина Битола

На денешната конститутивна седница на Советот на Општина Битола, која ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движето ЗНАМ, за нов претседател е избран Бојан Бојковски од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, како единствениот предлог за претседател на Советот на Општина Битола предложен од советничкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. На Бојковски ова му е втор мандар во Советот на Општина Битола.Бојан Бојковски за нов претседател е избран со гласовите на 18 советници “ЗА“ од Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ЗНАМ. Против беа 11 беа советници, од СДСМ со коалицијата, Поинаку и Левица. Двајца советници беа воздржани од ГРИН и ЛДП. По изборот за претседател Бојан Бојковски рече:-Со голема чест и чувство на одговорност ја прифаќам должноста да бидам претседател на Советот на Општина Битола. Ви благодарам на сите за укажаната доверба. Ова не е само чест, туку и обврска  да работиме посветено, одговорно и искрено во интерес на сите битолчани. Во овој мандат нашата цел е јасна проект повеќе за Битола! Она што наназад години го  баравме како битолчани од Владата на Република Македонија сега е реалност и таа е наш вистински партнер во процесот на развој на општината. Со нејзина поддршка обезбедуваме финансиски средства и институционална помош за реализација на значајни проекти во инфраструктурата, образованието, спортот и јавните услуги.  Само со ваква соработка можеме да обезбедиме видлив напредок за граѓаните. Нашата задача сега е да се избориме за нивна побрза реализација, затоа што граѓаните не чекаат ветувања тие очекуваат резултати. Бојковски на обраќањето се обрати и кон градежните компании кои извшуваат градешни работи за Општината и рече:-Апелирам до сите градежни компании кои ги изведуваат проектите во општината, почитувајте ги договорените рокови и стандардите за квалитет. Секое доцнење, импровизација или неквалитетна изведба ќе биде санкционирано. Одговорноста за сработеното е ваша, а толеранција за грешки нема да има.-Како претседател, ќе се залагам за максимално отворен, транспарентен и достапен Совет.  Совет кој ќе биде модерен и дигитализиран, во чекор со времето и технологијата. Дискусијата во Советот мора да се крене на повисоко ниво. Лични навреди и дискредитации без разлика од кого се упатени и дали се упатени кон градоначалникот, советниците или вработените во општинската администрација немам намера да ги дозволам, ниту да ги толерирам. Советот треба да биде пример за достоинствена и конструктивна дебата во интерес на граѓаните, а не поле за лични пресметки. Да ја водиме Битола со идеи, со енергија и со љубов.Работата на Советот денес пр0должува со избор на К0мисиите на Советот на Општина Битола.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »