Press "Enter" to skip to content

Вардар го победи Пелистер во вечното дерби во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Вардар 1:2 (0:0)

Денес во вечерниот термин под Тумбекафе, на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола фудбалерите на Пелистер го претрпеа третиот по ред пораз во вечното дерби на мак-фудабелот, овојпат со 1:2, по првото полувреме одиграно без голови.“Пелистерци“ пред повече од 3.000 битолчани, предводени од “Чкембарите“ одиграа добро против фаворитот и лидер во лигата, ама на крајот немаа сили за подвиг и изненадување.“Вардарци“ тргнаа подобро во отворањето на натпреварот, а првата закана ја имаа по еден корнер, а во низа невнимателен беше голманот Јовчевски. За среќа по нафрлувањето од Давид Бабунски, стоперот Мислав Матиќ не ја погоди рамката од голот. Неколку минути подоцна Роџерс Мато додаде кон Бабунски кој биеше високо на голот.Пелистер на средината на полувремето ја имаше првата шанса, преку удар на Вилдан Керим од далечина, кој заврши покрај стативата. До крајот на првото полувреме двете екипи повеќе мислеа на второто полувреме, и го чекаа одморот.Вториот дел Вардар го отвори подобро, а како резултат на тоа, во 54. минута, Роџерс Мато со удар од дваесетина метри го матира Јовчевски и погоди за 0:1.Пелистер врати со гол за реми само шест минути подоцна, во 60. минута израмнување донесе Петар Петковски. Стефан Спировски одлично биеше од далечина, а голманот Давор Талески одбрани, но одбиената топка падна во петерецот, на неа налета Петковски и ја смести во мрежата за 1:1.Следуваше шанса за гол за Вардар, преку Азер Омерагиќ кој од изгледна ситуација со волеј биеше непрецизно.Во 83. минута лошо стартуваше стрелецот на израмнувачкиот гол Петковски, по долгиот дуел со Димитар Данев судијата Грујоски без размислување покажа на 11 метри. Горан Закариќ рутински реализира за 2:1. До крајот, и во продолжението од 6 минути,  “пелистерци“ се обидоа да израмнат, но без конкретна идеја и реализација.Вардар се врати на првото место со 30 бода, а Пелистер има осум бодови и се наоѓа на 10 место на табелата.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »