Центарот за култура – Битола со голема чест го најавува 17. издание на Фестивалот на музика од светот, кое оваа година ќе се одржи од 27 ноември до 1 декември 2025 година под мотото „Уметноста на звукот“.
Во текот на петте фестивалски вечери, Битола ќе живее во духот на world music – универзален јазик што ги спојува народите, културите и генерациите, создавајќи мост меѓу традицијата и современиот звук.
Светска музика. 5 вечери. Една енергија.
ПРОГРАМА:
27 ноември (четврток) | 20:00 ч.
ФОНТАНА & ГАМЗЕ МЕТРАЦИ (Македонија / Турција)
Македонски етно звук во спој со турска страст и нежност, музика што ги поврзува корените и културите.
Билети во продажба на: https://www.3dkinobitola.
28 ноември (петок) | 20:00 ч.
ТАЊА ЦАРОВСКА & НУ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР БИТОЛА
Eдно извонредно музичко патување околу светот – софистицирана фузија од традиционални песни избрани од различни култури и континенти.
Билети во продажба на: https://www.3dkinobitola.
29 ноември (сабота) | 20:00 ч.
BALKAN ZOO & NINA ĆORIĆ (Хрватска)
Gipsy flamenco world music атракција , неповторлива фузија на ромска традиција и фламенко страст.
Билети во продажба на: https://www.3dkinobitola.
30 ноември (недела) | 20:00 ч.
KOZA MOSTRA (Грција)
Еден од најпознатите грчки бендови ,експлозивен микс од ска, рок, ре-бетико и бавчански ритам што буди вистинска забава!
Билети во продажба на: https://www.3dkinobitola.
1 декември (понеделник) | 20:00 ч.
GAMAZDA (Русија)
Виртуозна пијанистка со милионски YouTube прегледи — од Metallica до Mozart, концерт што ќе ве остави без здив!
Билети во продажба на: https://
Еден концерт: 400 денари
Фестивалски пакет (5 вечери): 1500 денари
https://www.3dkinobitola.com/










