Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: Лишени од слобода две лица во Битола, при претреси пронајдена дрога

На 07.11.2025 во 00:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршија претрес во домот на 28 годишник од Битола, при што била пронајдена марихуана.

Во исто време извршен е претрес и во домот на 39 годишник во Битола, при што била пронајдена марихуана, прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од растителна и прашкаста материја. Исто така, во близина на неговиот дом пронајдени се паковки со марихуана и грутчеста материја. 

По документирање на настаните, ќе следуваат соодветни пријави.

More from ВестиMore posts in Вести »