Еурофарм Пелистер – Радовиш 31:26 (19:14)
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 освои нови суперлигашки бодови со триумф над Радовиш, победувајќи со резултат 31:26, во рамки на 10. коло од Супер лигата.
“Двојката“ од Битола одигра ефикасен меч во нападот и со добра одбрана го запре ривалот на патот. Уште во првото полувреме младите пелистерци ја покажаа својата напаѓачка артилерија, кога постигнаа 19 гола во мрежата на Радовиш.
Мохамед Азиз имаше одличен меч со десет постигнати гола кај победникот, а го следеше Христијан Митревски со седум постигнати гола. Се истакна и голманот Мартин Јовановски со 13 одбрани. Кај Радовиш, Здравко Постолов погоди осум пати, а Каковски и Димов имаа по пет гола.
За Еурофарм Пелистер 2 ова беше четврта победа сезонава. Радовиш, пак, го доживеа десеттиот пораз во десеттиот меч и остана без ниту еден освоен бод.










