Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 16 степени

Денес, недела, 9 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 16 степени.

Утре, понеделник, 10 ноември, во Битола времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурата во Битола до 16 степени.