Во организација на ОФФ Роуд клубот „Пелистер“, денес се одржа Офф Роуд тура, како дел од програмата за одбележување на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.
На стартот, кој беше поставен пред зградата на Општина Битола, присуствуваа и градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, кои ги поздравија учесниците и им посакаа успешна и безбедна тура низ битолските прекрасни предели, исполнета со авантури и дружење.
Учесниците во оваа адреналинска тура имаа можност да уживаат во предизвикувачки патеки, величествени пејзажи и вистински дух што ги обединува љубителите на мото и роуд возилата и природата.
Настанот уште еднаш потврди дека Битола и нејзината околина нудат совршена комбинација на природна убавина и спортски предизвици, со можности за уживање и авантура.

“Офф роад“ тура на клубот Пелистер од Битола во рамките на прославата на 4. Ноември
More from ВестиMore posts in Вести »
- In memoriam: дипл. арх. Димитар Ивановски – Митац
- Во Битола повторно приведени пијани возачи, едниот со 1,64, другиот со 2,55 промили алкохол во крвтаВо Битола повторно приведени пијани возачи, едниот со 1,64, другиот со 2,55 промили алкохол во крвта

- Пелистер ја победи Брера во Битола за нови три бода (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: 7. издание на Фестивал на музика од светот во Битола, настапи Наташа Атлас (фото)
- Билтен на МВР: двајца битолчани приведени за дрога




