Press "Enter" to skip to content

Пелистер ја победи Брера во Битола за нови три бода (фотогалерија)

Пелистер – Брера Струмица 1:0 (1:0)

Фудбалерите на Пелистер по пауза од осум кола, дома, во Битола ја победија екипата на Брера Струмица со минимални 1:0. Пелистер уште на стартот на првиот дел се наметна и ја имаше иницијативата и топката, а како резултат на тоа ја имаа и првата прилика за гол, кога ударот со глава на Петар Петковски по центаршутот на Мрмачовски го префрли голот на Илоски.На средина од првиот дел Пелистер поведе  откако по десната страна Лука Булатовиќ  центрираше, на втора статива натрча Вилдан Керим и со глава ја втурна топката во празната мрежа за водство  од 1:0. До крајот на полуврремето забележавме обид на Нзенгуе, но Јовчевски интервенираше.И второто полувреме започна со иницијатива  и притисок на “пелистерци“, а првата шанса за имаше Стефан Спировски кога биеше со глава по корнерот.  Следуваше шансата на Петар Петковски кој од неколку метри со млак удар по средината погоди во голманот Илоски. Брера погоди за гол но бепе поништен за офсајд. Пелистер забележа шанси за гол преку Белиќ и Булатовиќ.Пелистер прокнижи три важани бодови за опстанок, имаат 11 бода и пласман на десеттата позиција.

Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »