Во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоцијата на необјавени дела од легендарниот Васил Иљоски, а настанот беше посветен на книгата „По трагите на македонскиот непребол“, која содржи необјавена драма „Смрт за живот“ и необјавена поезија од Иљоски.
Приредувач беше Валентин Тасески, а промотор м-р Марија Трифуновска Тасеска, рецензенти на делото се Билјана Котевска – Димко и Никола В. Ристевски.
Свое обраќање имаше и м-р Емилија Стефановска Давкова, директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, која ја истакна важноста од негување на литературното наследство и од ставен акцент врз делата што дури сега ја добиваат својата вистинска светлина.
Учениците од СОУГ „Јосип Броз Тито“ – Битола под менторство на професорката Николина Ѓуровска изведоа делови од драмата и поетски фрагменти, носејќи ја сценската емоција која ретко кого остави рамнодушен.
Особено емотивен беше говорот на внукот на Иљоски – проф. Јован Налбанти, кој ни пренесе дел од човечноста, достоинството и духовната големина што го краселе овој наш великан.

Во Библиотеката промоција на необјавени дела од Васил Иљовски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ален и Адриан Рустемовски и тренерот Петровски на прием кај министерот за спорт
- Новоименуваната амбасадорка на Кина во посета на Општина Битола
- СВР Битола: тешко повредена девојка на електричен тротинет, уапсени двајца за марихуана
- Координативен состанок на Зимската служба на Општина Битола
- Избрани проректори, се комплетира тимот на раководството на УКЛО Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- “Take Five – Биг Бенд приказна“ концерт на Битолскиот дувачки оркестар
- Битолски театар својот роденден ќе го слави со 11. Битола Шекспир театар
- “Слики под планината“ светлина што го исповедува човекот, изложба на Сергеј Андреевски во Софија
- Од 27 ноември во Битола 17. издание на Фестивалот на музика од светот
- Битолски Камерен Оркестар станува Битолски Оркестар DIVA – нова ера на битолската музичка приказна










