Еурофарм Пелистер вечерва во Битоа оствари голема победа во Лигата на шампионите, 25:24 против ПИК Сегед, а како шчаг на тортате беше тоа што пивотменот на битолчани, Жарко Пешевски со седум гола, заслужено беше прогласен за МВП на натпреварот кој беше „меч на неделата“ прогласен од страна на ЕХФ.
-Борба 60 минути. Ние сме едно семејство. Работиме така. Оваа енергија ја осетивме, не смеевме да пропуштиме. Публиката што не носесе цел натпревар беше зад нас. Ја почитувавме тактика што ја имавме, го почитувавме тренерот, и заслужено победивме. Ова е признание за целата екипа, не само за мене, рече по приемот на признанието од ЕХФ, Жарко Пешевски.
Фото: Дамијана Ристевка











