-Како и деновиве во Битола така и пред 10 години, во ноември 2015 година, со положување венци и букети цвеќе пред споменикот на француските гробишта во Битола беше одбележана годишнината од крајот на Првата светска војна и денот на помирувањето меѓу Франција и Германија, заполна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Одбележувањето беше со присуство на тогашните мбасадорите на Франција и Германија, Лорен Оер и Кристина Алтхаузер, тогачниот градоначалникот на Битола, Владимир Талески и голем број делегации.
-Дваесеттиот век беше век на прекумерно насилство. За тоа сведочат годините 1914 и
1939. Многу нешта се случија во овие сто години, како добри, така и ужасни. Едно од големите достигнувања кои го трасираа патот е големиот мировен проект што го оствари Европа, создавањето на Европската унија. Овие денови, земајќи ги предвид сликите на милиони луѓе кои бегаат од војна и насилство, се занимаваме со загрижувачкото прашање, дали Европа ќе го издржи овој предизвик. Бранот на луѓе во неволја минува и низ оваа земја кон северот. Во потрага по безбедност и можеби подобар живот- истакна на чествувањето, амбасадорката на Германија во Република Македонија, Кристина Алтхаузер.
-Ова не се лесни времиња за Европа. Но ако паметно постапиме, големите задачи што заедно ќе ги совладаме, ќе не сплотат повеќе. Разорувањата од минатиот век и за огромните актуелни предизвици потребни се респект, солидарност, соработка и помирување, за заеднички да ја направиме Европа подобар континент за сите нас, рече Алтхаузер.
-Тоа им го должиме на луѓето од сите националности кои се тука закопани – порача амбасадорката на Германија во Република Македонија Кристина Алтхаузер.

Деновиве пред 10 години: одбележан денот на помирувањето меѓу Франција и Германија (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- In memoriam: дипл. арх. Димитар Ивановски – Митац
- Деновиве пред 10 години: 7. издание на Фестивал на музика од светот во Битола, настапи Наташа Атлас (фото)
- Деновиве пред 10 години: наградата за животно дело на Општина Битола за проф. д-р Георги Здравев (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: како во октомври 2015 изгледаше стадионот под Тумбекафе и како беше околу него (фото)
- Деновиве пред 10 години: каков тим имаше Пелистер волеј во 2015 година на турнирските натпревари (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Заслужена победа на Пелистер од Битола на гостувањето во Куманово
- Ален Рустемовски од Битола освојувач на “Златниот гонг“, освои златен медал до 60 килограми
- Општина Битола: јавен повик за прибирање на понуди за куќарки за храна, пијалоци и друго кај Офицерски дом
- Благој Мицевски, уметнички раководител на Шекспир фестивалот во Битола за придобивките од фестивалотБлагој Мицевски, уметнички раководител на Шекспир фестивалот во Битола за придобивките од фестивалот

- Пораз на одбојкарките на Пелистер Волеј (фотогалерија)









