Словенечкиот ракометар Нејц Цехте заминува од Битола, се договори со Управата на Еурофарм Пелистер и заминува во Германија, ќе игра во Бундеслигата, каде ќе го носи дресот на Фуксе Берлин во следните шест месеци.
Германскиот гигант му плати отштета за трансферот на битолскиот клуб за да го ослободи 33 годишниот Цехте, и тој порано од предвиденото заминува од Еурофарм Пелистер.
Цехте има искуство од Бундеслигата, каде четири сезони го носеше дресот на Хановер.
Цехте е ракометар со огромно искуство во Германија и Словенија, а една година беше дел и од тимот на ГОГ Гудме.
За репрезентацијата на Словенија има постигнато 146 гола на 82 одиграни натпревари.











