Press "Enter" to skip to content

Во Битола одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Денес, кај “Пожарната“ во Битола, кај спомен чешмата беше организирана комеморацијата од Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, како и од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, со поддршка од Општина Битола со што која беше одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада.Пред спомен – плочата почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општината, здруженија на граѓани, политички партии и гости.Првата егејска македонска ударна бригада, формирана за време на Втората светска војна, беше расформирана на 2 април 1945 година, при што боречкиот состав беше распореден во други единици. Голем дел од борците подоцна се вратија во Егејскиот дел на Македонија, каде што ги формираа првите одреди на Народноослободителниот фронт (НОФ).Подоцна тие станаа дел од единиците на Демократската армија на Грција, повторно покажувајќи исклучителна посветеност и пожртвуваност во борбата за национални и социјални права и слободи.

More from ВестиMore posts in Вести »