На 17.11.2025 во 21:20 часот во село Долно Оризари, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 37 годишник од с.Долно Оризари затоа што кај него е пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Ноќеска (18.11.2025) во 01:00 часот на ул.„8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода две лица на возраст од 32 и 37 години, двајцата од Битола, затоа што кај него е пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 17.11.2025 на ул.„Димче Лахчански” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 58 годишник од Битола, кој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна. Тој е спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Битола за издржување на казната. .
На 17.11.2025 на ул.„Стрчин” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 39 годишник од Битола , кој бил баран со судска наредба за издржување на казна затвор од една година. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.






