Press "Enter" to skip to content

Европската завеса се спушта, Пелистер сака победа за крај во Битола

Пелистер со одличната игра на гостувањето во Куманово стигна до голем триумф во македонската Супер-лига, што е одлична увертира за следниот европски дуел што нашите „зелено-бели“ ќе го играат веќе в среда во ФИБА Европа Купот, на домашен терен против кипарски Керавнос.

Билетите за овој натпревар се пуштени во продажба во „ЗИКС“ и можат да се купат по цена од 200 денари. На денот на натпреварот билети ќе можат да се купат и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“.

Шансите за пласман во следната фаза се загубени, но сите во таборот на Пелистер сакаат Битола да има победничко збогување со европската сцена сезонава, како најава за уште подобри настапи во периодот што следи.

Дуелот меѓу Пелистер и Керавнос се игра в среда во „Боро Чурлевски“ со почеток во 19 часот. Се гледаме во сала!

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »