Искусниот Илија Абутовиќ го прокоментира следниот натпревар на Еурофарм Пелистер од Битола во Лигата на шампионите, каде битолчани ќе гостуваат кај силниот ПИК Сегед од Унгарија, после победата над Сегед во Битола пред една седмица во салата „Боро Чурлески“.
Абутовиќ за следниот натпреавр вели:
-Може да кажеме дека ја креваме формата и се радуваме што скоро целиот ростер сега е комплетен. Ја забележавме можеби досега најголемата победа во елитното натпреварување. Секој играч е важен за нас и знаеме дека можеме да се носиме со сите ривали. Играме со ПИК Сегед двапати во седум дена, но сега ќе биде потешко затоа што играме на гости, а и тие очекувам да имаат многу посериозен пристап кон нас. Ги изненадивме во Битола и сигурно нема да одиме кај нив со бело знаме. Периодот на адаптација е готов, со новиот тренер добивме нова филозофија, ги сфативме сите комбинации и направивме добра анализа на сработеното. Чекориме во нагорна линија, затоа се надевам дека ќе играме подобро и подобро. Во следните триесет дена имаме многу важни натпревари.
Македонскиот шампион ќе бара ново изненадување против унгарскиот претставник. Натпреварот во Унгарија ќе се одигра утре, четврток во 18:45 часот.










