Press "Enter" to skip to content

На домашен терен во Битола пораз од Керавнос за збогување од ФИБА Европа купот (фотогалерија)

Пелистер – Керавнос 74:92

Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола во шестото коло од ФИБА Европа купот го претрпеа и петтиот пораз, губејќи на домашен терен од кипарски Керавнос со убедливи 74:92. Одбраната на „пелистерци“ беше далеку од посакуваното ниво во текот на сите 40 минути, што беше главен фактор за овој пораз во последната европска рунда, по која битолчани целосно ги ннасочуваат погледите кон борбата за трофеи на македонската кошаркарска сцена.“Пелистерци“ се соочија со големи проблеми од самиот старт, откако гостите од Кипар експресно поведоа со 3:10. Си-Џеј Вилсон погоди тројка, но Керавнос возврати со иста мера, потоа влезе во нова серија, па Пелистер во седмата минута се најде во убедлива негатива од 8:22. Прајс нешто подоцна погоди тројка за 14:24, гостите имаа 14:28, за на крајот да ја завршат првата четвртина со предност од 18:29.

Лука Стојановски погоди тројка за намалување на 21:29 на самиот почеток од втората четвртина, но следеше серија од десет поени на противникот по која тренерот Даскаловски беше принуден да побара тајмаут. Серијата од 4:0 по тајмаутот беше се што Пелистер успеа да стори, следеше нова низа поени на кипарскиот тим кој во 15. минута поведе и со „плус 20“ (25:45).

Токму по тој момент Пелистер конечно заигра како што знае, Ленгстон Вилсон постигна седум поени во низа, презицен беше и Брејси Дејвис, па гостинскиот тренер беше принуден да побара тајмаут при 34-45. За момент негативата беше спуштена под десет поени (36:45), но следеше нова серија на противникот кој замина на одмор со 42:56.

Второто полувреме почна со тројка на гостинските кошаркари, кои во 25. Минута стигнаа до нова предност од 20 или повеќе разлика (45:66). Пелистер имаше и „минус 25“ (29:74), до крајот на четвртината намали на 55:76, но победникот беше решен, па гостите рутински го приведоа мечот до крај во завршните десет минути, до конечните 74:92.Пелистер ја заврши оваа европска сезона со скор 1:5, секако очекувавме подобар резултат, но самото учество во ФИБА Европа купот е значаен чекор напред во развојот на нашиот клуб, тренд што очекуваме да продолжи и во годините што следат.

Дамијана Ристевска – Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »