Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: при претрес пронајдена дрога, приведувања за напад на полициски службеник и поседување куршуми

На 18.11.2025 во 21:50 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 20 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.11.2025 на  ул.„Крушевска Република” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 22 годишник од Битола, затоа што физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија, при што употребил и остар предмет, По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 18.11.2025 во 23:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 22 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се неколку куршуми. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »