Press "Enter" to skip to content

Ротари клуб Битола Широк Сокак го одбележа “мовембер“ – месецот посветен на машкото здравје

Со една интересена мисла од Ирвин Јалом, кој вели: Мажот што не може да зборува за својата болка, ќе ја покаже преку однесување, проф. д-р Изабела Филов, специјалист психијатар го започна едукативното предавање, насловено како: „Акција за подобро машко здравје“. На вчерашниот настан Ротари Клубот Битола Широк Сокак го одбележа Мовембер, месецот посветен на машкото здравје, месец кога треба да се подигне свеста за здравствените проблеми на мажите, вклучувајќи болести на простата, тестисите, ментално здравје и превенција. Грижата за здравјето е најстаро и најмоќно оружје што го имаме. Навремена проверка денес може да значи големаа разлика утре. Д-р Пеце Петковски, специјалист по уролошка хирургија и д-р Стефан Лазарески, специјалист по уролошка хирургија со присутните ги споделија најновите информации за болестите на простата и тестисите, споделувајќи совети за превенција.

Со знаење и посветеност беа отворени да одговорат на сите прашања, истакнувајќи ја важноста од чести и навремени лекарски прегледи. Мовембер ја користи симболиката на мустаќите  за да иницира разговори и да ја разбие стигмата околу овие теми. Но, и темата за менталното здравје. Проф. д-р Изабела Филов ја истакна важноста отворено да се зборува за менталното здравје кај мажите, затоа што Мовембер работи на создавање на безбеден простор каде што мажите можат да зборуваат за своите емоции.

Мовембер е многу повеќе од кампања за пуштање мустаќи- тоа е движење што спасува животи, ги разбива стереотипите, создавајќи позитивни општествени промени. Не чекајте подобри денови- почнете да се грижите за себе сега, зошто вие и вашето здравје сте најважни. Ротари Клубот Битола Широк Сокак и понатаму ќе ја поддржува оваа кампања, со цел да бидеме дел од промената што ја менува заедницата на подобро.

More from ВестиMore posts in Вести »