Press "Enter" to skip to content

Гарабаја: Во Лигата на шампионите победуваат само топ-тимови!

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола денес во Сегедин, Унгарија во рамките на групната фаза од Лигата на Шампиони ќе игра против екипата на ПИК Сегед, а шпанскиот стратег на клупата на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, ги изнесе своите очекувања од натпреварот, упатувајќи комплименти за своите играчи, за кои рече дека играат за топ европски тим.

-Секогаш е убаво кога се добиваат натпревари во Лигата на шампионите. Тоа можат да го прават само топ-тимови од континентот. Задоволни сме од триумфот во Битола, но во исто време сме внимателни пред возвратниот дуел. Ќе биде потешко од првиот меч, тоа е сигурно.  Добро е што полека се враќаме после сите оние потешки повреди на стартот од сезоната. Тимот е скоро комплетен и ќе можеме да имаме поширока ротација. ПИК Сегед исто така се мачеше со одредени повреди, ќе видиме што ќе се случи.  Имаме голем простор за уште поголем напредок, мислам дека сликата за тимот е комплетна и очекувам да играме подобро со секој изминат натпревар. Не е време за конечниот расплет во групата, сега се фокусираме само на следниот натпревар. Ако можеме, сигурно ќе се бориме за пласман во втората рунда.

Мечот е закажан со почеток во 18:45 часот.  

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »