Битолски Пелистер со натпреварот во Битола ги заврши еврипските натпревари во ФИБА Европа купот. Пелистер има лош резултат, пет порази и една победа го заврши настапот, а Македонскиот претставник, синоќа во Битола, одигра бледо издание пред своите навивачи и впиша убедлив пораз од 74:92,
Тренерот Борче Даскаловски, изјави по натпреварот дека е незадоволен од настапот против Керавнос и го призна поразот во последното коло од групната фаза.
-Ова е убедливо најлош натпревар што го одигравме. Потфрливме комплетно во сите сегменти, буквално сите играчи не беа на потребното ниво. Ни недостасува искуство и квалитет, кога за првпат се соочувате со сериозни противници, мора да сте одлично подготвени. Може да зборуваме и за квалитетот на странските играчи, но мислам дека како целина оваа сезона не е воопшто лоша за Пелистер. Најважно е клубот да се фокусира на иднината, тука има одлична основа со Митревски, Крстевски, Лука Стојановски, Стајиќ. Мислам дека на оваа основа, со добро одбрани странци во тимот, Пелистер има шанси за многу повеќе во Европа.
Пелистерци в недела гостуваат во Гостивар во осмото коло на домашната Суперлига.










