Еурофарм Пелистер претрпе убедлив пораз (35:20) на гостувањето кај ПИК Сегед, екипа која во претходното коло ја совлада во Битола што му донесе голема радост на битолската публик. Веднаш по дуелот во Сегедин тренерот на битолчани зборуваше за текот на дуелот и убедливиот пораз со причините.
-Нашата одбрана беше послаба. Во натпреварот минатата недела нашите голмани имаа дури 50% успешност во одбраните, а такво нешто не успеавме да повториме. Не браневме еден на еден ситуации, исто така бевме и слаби во два на два. Не успеавме да го неутрализираме и Лазар Кукиќ, изјави тренерот на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја
Следниот натпревар Еурофарм Пелистер го игра на 26.ноември (среда) на домашен терен против Магдебург.










