На 20.11.2025 во 20:05 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Карпош“ во Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 30 годишно лице од Битола, удрило во 62-годишна жена од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
На 20.11.2025 во 16:20 часот на патот Битола- Ресен, на место викано „Превалец“, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.Е. (40) од Ресен. При контрола со радар било констатирано дека М.Е. управувал патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 20.11.2025 во 20:40 часот на ул. „Новачки пат”во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 37 годишник од Битола бидејќи го нарушувал јавниот ред и мир . По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.






