Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ Битола: со прекинато водоснабдување села од Кравари до граничен премин “Меџитлија“

ЈКП “Водовод“ Битола информира дека во текот на денешниот ден, петок, 21.11.2025 година, со прекинато водоснабдувањето се населените места од Кравари до граничниот премин “Меџитлија“.

Со оглед на временските неприлики и поплавените делови, екипите на терен се соочуваат со потешкотии при лоцирање на дефектот, поради што интервенцијата може да потрае подолго од вообичаено.

За дополнителни информации, ќе Ве известиме навреме.

More from ВестиMore posts in Вести »