Обилните дождови кои во изминатите денови заврнаа во Битола и Битолско и во поширокиот регион предизвикаа излевање на реките, поплави и штети.
Според снимениот материјал од зафатот на Црвена Река над Нижеполе, може да се констатира иако има многу врнежи водата е бела, пенлива и чиста пелистерска вода.
Традиционално битолчани пијат “бистра, ледена од Пелистер доведена“ вода, како што вели песната, а денеска, на самото место на главниот зафат на Црвена Река го затекнавме вработенотоо лице кое го мери водостојот на реката и го контролира испустот на чистата вода за пиење.

Тоа значи само едно, битолчани ќе продолжат да пијат “бистра, ледена од Пелистер доведена“ вода, а ние на песната би додаделе и квалитетна и здрава вода.
Инаку, последните денови наврнаа вкупно над стотина литри вода на метар квадратен заради што видно се зголеми нивото на реката Драгор.
Единствено, повисок водостој на Драгор, според упатени битолчани се случило во есента 1978 година кога силните пелистерски води предизвикале и поголеми материјални штети на објекти и патишта.
Драган Ристевски







