
ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност. Овој пат ФТ Митко Василев ќе ве информира за скокачко колено или тендинопатија на пателарниот лигамент, за што вели:
Скокачкото колено е болна болест на припојувањето на пателарната тетива (инсерциска тендинопатија ) во пределот на долниот пателарен пол. Состојбата обично е резултат на хронична прекумерно натоварување на пателарната тетива и затоа често се јавува во спортови кои вклучуваат присилно истегнување на коленото ,ова се однесува првенствено на спортови кои се особено интензивни со скокови или кои бараат постојана нагла промена на насоката (кошарка, одбојка, фудбал, ракомет или атлетика). Скокачкото колено е многу честа појава кај одредена група на луѓе кои не се спортисти односно немаат активно натоварување на коленото. Пред се се мисли на професии со постојана флексија-сфиткано колено во коленото.
Пателарната тетива е всушност лигамент (ligamentum patellae) што го поврзува долниот врв на капачето на коленото со тибијата. Може да се смета за долен продолжение на тетивата на големиот екстензор на коленото (квадрицепс тетива). Се зафќа на подколеничата коска. Тетивата е клучна за движењето на екстензијата на коленото, а нејзиното оштетување предизвикува губење на поддршката и стабилноста на самата патела, што доведува до болка и слабост во коленото, а следствено и тешкотии во продолжувањето на коленото.
Првочно симтомите се благи се чувсвува болака само при интензивен тренинг или при почеток на активност. Со зголемување на оштетувањето болката е и при минимална физичка активност без поголемо натоварување на коленото.
Најчестите симптоми на скокачко коленото се болка и воспаленост околу пателалната тетива,Оток,Болка при скокање, трчање или одење, болка при свиткување или исправување на ногата,Чувствителност зад долниот дел од капачето на коленото.
Симптомите на скокачко колено може да изгледаат како други состојби или медицински проблеми.
Дијагностиката покрај комплетната медицинска историја голема улога имаат тестовите и функционалната дијагностика. Х-зраци може да открие можни промени во коските, додека тие ултразвукот и МРИ се најкорисните методи за прецизно дијагностицирање.
Најдобриот третман за скокачко колено е да се запре секоја активност што го предизвикува проблемот додека повредата не заздрави. Друг третман може да вклучува: одмор, подигнување на коленото, облоги со мраз на коленото за да се намали отокот, вежби за истегнување и зајакнување.
Физикална терапија е насочена првично за намалување на воспалувањето, и подобрување на подвижноса
Рехабилитацијата на коленото кај пателарна тендино патија се изведува низ три клучни фази:, од акутно намалување на болката до враќање на целосна функција и спортски активности.
Во првата фаза акцентот е ставен на физикална терапија и техники за намалување на воспалението и релаксација на погодените структури. Втора фаза се фокусира на насочени вежби за зајакнување и прогресивно оптоварување за да се обезбеди стабилност и отпорност на повторни повреди. Завршна фаза вклучува функционални и спортски специфични вежби кои овозможуваат безбедно враќање на секојдневните активности и тренинг.
Компликации во оваа состојба е кинење на пателарниот лигамент кое е многу ретко.
Превенција е насочена во зајакнување на мускулатурата и стречинг после поголеми натоварувања. Кај пациентите кои што не се спортски активни се препорачива промена на положбата и правилното приспособување на активностите во текот на денот исто така може да придонесе за растоварување на болката и намалување на репетитивниот стрес на самата тетива.






