Press "Enter" to skip to content

Црквата “Св. Недела“ со жива вера и “побогата“ со моштите на Света Недела кои пристигнаа од Холандија (фотогалерија)

-Во црквата “Св. Недела“ во Битола пред огромен број верници, денес свечено беа пречекани моштите на великомаченичката Света Недела (Света Киријакија) кои ќе ја “збогатат“ црквата со тоа што трајно поставени во храмот.Денес заврши црковната постапка со која беа донесени моштите на Света Недела, голем број на верници ги пречекаа во свечена поворка, со цвеќе, се поклонија пред нив пред олтарот на црквата, за што старешината на храмот, протоереј Никола Неделковски ни рече:-Постапката за донесувањето на моштите започна пред неколку години, кога со благослов на Митрополитот Господин Петар, битолската црква ја посетил свештеникот Рафаил  од Холандија, од протестантската црква, цариградска Диецеза во Холандија, кој беше восхител од нашиот храм. Тој вети и го исполни ветувањето, и по Божја промисла, се донесоа дел од моштите од Света Недела. Неговата посета беше пред короната и потоа со оглед на тоа што се следуваше, малку се одложи постапката. За наша среќа продолживме во минатиот месец. Во октомври започнаа подготовките за преземање на моштите и затоа го подготвивме кивотот, дрвено ковчеже во кое црковната реликвијата е изложена.На покана на свештеникот Рафаил, отец Стеван Здравевски, отпатува до Холандија, од каде ги донеде моштите во Македонија.По тој повод, секако според православната традиција пропишана за пречек на свети мошти, свештенството и протоереите во свечена поворка го донесоа кивотот пред олтарот. Членовите на женскиот хор и помошниците се подготвуваа за свечениот чин, а патеката до олтарот беше покриена со цветни ливчиња од рози.Потоа во црквта “Св. Недела“ се одржа света Воскресна утрена и литургија со која чиноначалствуваше старешината на храмот, протоереј Николче Неделковски, заедно со протоереите Стеван Здравевски и Крсте Тасески и од ѓаконот Михаил Атанасов.Потоа големиот број верници кои со трпение очекуваа да се поклонат, а потоа беа помазани со свет елеј (масло).Со моштите на Света Недела, црквата “Света Недела“  ќе биде постојан благослов за сите верници што ќе го посетуваат храмот, а за тоа што значи ова старешината на храмот, протоереј Никола Неделковски вели:-Со донесувањето дел од светите мошти на Света Недела во нашиот храм продолжува да постои “живата вера“, односно да бидеме сведоци на чудото на животот. Секако дека сме “побогата“ за нешт0 свето, на радост на свештенослужителите и верниците. Се радуваме сите што храмот “Св. Недела“ беше претесен да ги прими сите верници тука за пречек на свети мошти, а потоа и се поклонија пред моштите на Света Недела. Инаку, Света Недела, позната како Света Киријакија Никомидиска евеликомаченичка од раната христијанска епоха е одена во Никомедија во Туриција. Таа пострадала во 289 година за време на прогонствата на христијаните од царот Диоклецијан. По нејзината смрт, нејзините следбеници ги собрале и со почит ги погребале нејзините останки. Најзначајната реликвија – чесниот череп на светителката – се чува во манастирот Памегисти Таксиарх (Архангели) близу Егио на Пелопонез, Грција, а други делови од нејзините мошти се наоѓаат во Александрополис, во Хуши во Романија и на други места. 

Текст и фото: Сашо Ристевски