Press "Enter" to skip to content

Општина Битола организира општ јавен повик за стручна расправа и јавна презентација со јавна расправа

СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ОПШТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА СТРУЧНА РАСПРАВА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ЈАВНА РАСПРАВА

по Нацрт план за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 и Детален урбанистички план за Четврт Исток 2, Блок И.02.05 и Блок И.02.04 – (обединета постапка), КО Битола 5, Општина Битола.

Вкупната површина на планскиот опфат, што се применува при изработка на Нацрт план за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 и Детален урбанистички план за Четврт Исток 2, Блок И.02.05 и Блок И.02.04 – (обединета постапка), КО Битола 5, Општина Битола изнесува 15.12 ha.

Границите на планскиот опфат се следните:

– Исток – по граница на катастарска парцела – КП 1382/1 и КП 19245/3 КО Битола 5

– Југ – по осовина на улица „Новачки пат“

– Запад – по осовина на постоечка улица „Прва“ и улица “Димитар Робев”

 – Север – по осовина на постоечка улица “Димитар Робев”

Во продолжение, на фотографиите е даден остатокот од соопштението и нацрт скиците.

Во предметниот опфат за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 се предвидува зона за градби со намена:

-Б (комерцијални и деловни намени) ,

-Б2 – големи едници за трговија ( над 200 м2 и/или повеќе од П+1 кат)

– В – јавни дејности и институции

-В1 – образование и наука,

-В4 – згради на органите на државна власт

-Г- Рударство, енергетика, индустрија

-Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија

-Г4 – стоваришта, складови и отпади

– Е – Инфраструктуктури

Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури

-Е2- Згради и комплекси на инфраструктурни системи

-Д – Зеленило, рекреација и меморијални простори

-Д.2 Заштитно и сообраќајно зеленило

Компитабилни класи на намени на основните класи на намени се дефинирани со Правилникот за урбанистичко планирање и тоа:

– Е2- Згради и комплекси на инфраструктурни системи

– Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури

– В1.6 – Метеролошка станица

– В.2 9. – Згради за ветеринарна заштита, болници, станици, стационари и ординации за
домашни миленичиња.

Во предметниот опфат за Детален урбанистички план за Четврт Исток 2, Блок И.02.05 и Блок И.02.04 се предвидува зона за градби со намена:

– Б (комерцијални и деловни намени)

– Б2 – големи едници за трговија ( над 200 м2 и/или повеќе од П+1 кат)

-Б2.3 – Трговски згради и стоковни куќи

– В – јавни дејности и институции

– В1 – образование и наука

В1.6 – Метеролошка станица

– В4 – згради на органите на државна власт

В.4.6 – Агенции, управи, дирекции, регулаторни тела

Се предвидува можност за вградување на компитабилни класи на намени на основната во рамки на дозволениот процент согласно Правилниот за урбанистичко планирање, за намена В.4 се предвидува компитабилна намена – Б1 (до 25%) со максимален дозволен процент од 25% на збирот на компитабилни класи намени.

– Г- Рударство, енергетика, индустрија Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија

Се предвидува можност за вградување на компитабилни класи на намени на основната во рамки на дозволениот процент согласно Правилниот за урбанистичко планирање, за намена Г.2 се предвидува компитабилни намени – Б1 (до 30%), Г3 (до 30%) и Г4 (до 30%) со максимален дозволен процент од 40% на збирот на компитабилни класи на намени.

Г4 – стоваришта, складови и отпади

Г4.1 – диструбутивни центри со складови

Се предвидува можност за вградување на компитабилни класи на намени на основната во рамки на дозволениот процент согласно Правилниот за урбанистичко планирање, за намена Г.4 се предвидува компитабилни намени – Б1 (до 30%) и Г3 (до 40%) со максимален дозволен процент од 40% на збирот на компитабилни класи на намени.

– Е – Инфраструктуктури

– Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури

Е.1.1 – сообраќајни патни инфраструктури

Е.1.8 – Трансформаторски станици и подстаници

Е.1.10 – Гасоводи

– Е2- Згради и комплекси на инфраструктурни системи

Е.2.1 – Згради за технички преглед на автомобили

– Д – Зеленило, рекреација и меморијални простори

– Д.2 Заштитно и сообраќајно зеленило

Д.2.1 Дрвореди и друго украсно и зашптитно зеленило

Стручната расправа по Нацрт план за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 и Детален урбанистички план за Четврт Исток 2, Блок И.02.05 и Блок И.02.04 – (обединета постапка), КО Битола 5, Општина Битола, ќе се спроведе како обединета постапка со времетраење од 40 дена, и тоа од 24.11.2025 год. до 02.01.2026 год, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица, можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Стручната расправа и јавна презентација со јавна расправа по Нацрт план за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 и Детален урбанистички план за Четврт Исток 2, Блок И.02.05 и Блок И.02.04 – (обединета постапка), КО Битола 5, Општина Битола, со тех. бр. 051-01/2025 од 11/2025 (Книга 1 и Книга 2) ќе се спроведе со излагање на Нацрт планот – во просториите на Општина Битола како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам и на службената веб страна на општината. (https://www.bitola.gov.mk/)

Јавна презентација со јавна расправа за широката јавност со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 08.12.2025 год. (понеделник) во 10:00 часот, во просториите на Општина Битола (Салата на Советот на Општина Битола).

Стручната расправа за стручната јавност, претставници на државната управа, на единицте на локалната самоуправа, на институциите надлежни за заштита на недвижно културно наследство и на комуналните претпријатија чијашто дејност е од јавен интерес, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето, со стручно презентриање на планот ќе се одржи на ден 15.12.2025 год. (понеделник) во 10:00 часот, во просториите на Општина Битола (Салата на Советот на Општина Битола).

Стручната јавност може да ги достави своите забелешки, предлози и мислења по Нацрт план за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 и Детален урбанистички план за Четврт Исток 2, Блок И.02.05 и Блок И.02.04 – (обединета постапка), КО Битола 5, Општина Битола, најдоцна во рок од 15 дена од одржувањето на стручната расправа.

More from ВестиMore posts in Вести »