Еурофарм Пелистер 2 -Куманово 30:28 (19:15)
Еурофарм Пелистер 2 во рамките на домашното првенство, во Битола ја победи екипата на Куманово со резултат 30:28, полувреме 19:15., а натпреварот на младите “пелистерци“ им ги донесе бодовите за крајната цел, пласман во плеј-офот.
Натпреварот започна рамноправно се менуваше водството, потоа следуваше серија Еурофарм Пелистер 2и предност од четири гола на полувреме, 19:15.
Во вториот дел “пелистерци“ дојдоа на пет разлика (22:17), по што следуваше неочекуван пад во нивната игра, а Куманово направи серија од 1:6 за “егал“ 23:23, а потоа беше и 27:27. Во завршница Мохамед Азиз со два врзани гола му донесе голема победа на својот тим 30:28.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беше Мохамед Азиз со единаесет постигнати гола, а Шулевски постгна шест.






