Press "Enter" to skip to content

ФТ Митко Василев, ординација “Кинет мед“ – fizio4you: Сакроилеитис или сакроилјачна дисфункција

ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност.  Овој пат  ФТ Митко Василев ќе ве информира за сакроилеитис или сакроилјачна дисфункција за што вели: 

Сакроилеитис се јавува во зглобната структура каде што ‘рбетот се спојува со карлицата односно зглоб кој е релативно специфичен . Артритисот е  воспалителен процес во зглобовите и е најчеста причина  за болка  во истите.

Зглобната структура каде што се спојуваат сакроилијачни  зглобови се врската помеѓу  ‘рбетот и карлицата. Поточно, тие се местото каде што сакрумот (последниот дел од ‘рбетот во форма на триаголник) се спојува со илиумот (горниот дел од карлицата).

Сакроилијачните зглобови се едни од најголемите зглобови во човековото тело и се прави многу мало движење  секој пат кога ги движите или поместувате колковите или движења поврзани со карлицата. Овај зглоб има многу мала подвижност која е незначитена во однос на дригите стеуктури и зглобови кој се вклучени во карлицата и долниот дел на грбот. Сакроилијаитис се јавува кога нешто иритира или неправилно ѓи натоваруваме еден или двата сакроилијачни зглобови. Оваа иритација води до воспаление , што предизвикува болка што обично ќе ја почувствувате во долниот дел од грбот и задникот.

Болката е генерално иста или слична како и други состојби и заболувања во долниот дел на р’бетот и карлицата.  

Воспаление на едниот или двата сакроилијачни зглобови.

Воспалувањето на СИ зглоб може да биде  унилатерален односно само во едната страна кој зафаќа еден зглоб. Билатерален односно во двата зглоба истовремено.

Колку чест е сакроилеитисот?

Оваа дијагноза зафаќа многу мал процент во споредба со останатите заболувања на карличното дно и долниот дел на р’бетот. Според  истружувањата на Циријак концептот болката во долниот дел од грбот најмногу доаѓа од рбетниот столб што ќе  говориме во некоја следна статија.

Симптоми и причини

Кои се симптомите на сакроилеитис? Болката во долниот дел од грбот е најчестиот симптом на сакроилеитис. Болката може да се влошува откако долго време седите или стоите во една положба, се влошува кога ги свртувате или ротирате колковите, чувствувате ненадејна остра и прободувачка болка, или може да почувствувате и попостојана тапа болка и иридира (шири) од долниот дел на грбот кон задникот (мускулите на задникот), колковите или бутовите.

Луѓето со сакроилеитис често чувствуваат вкочанетост првото нешто наутро. Вообичаено е да се почувствува одредена вкочанетост по спиење или седење во една положба, но вкочанетоста што ја предизвикува сакроилеитисот обично може да е и во комбинација со дисков проблем од р’бетот.

Дијагноза започнува со физички преглед и се применуват специјални тестови за диференцирање-рзликување на потеклото на болката од каде доаѓа. Историјата на проблемот е битен елемент од склопување на правилна дијагностичката сложувалка пример кога првпат сте забележале болка или други симптоми и дали одредени активности ја влошуваат болката. 

Рентгенска снимка или Магнетна резонанса исто така даваат дијагностичка насока во сепарирање на проблемот.  Можно е и други здравствени состојби или заболувања можат да бидат причина што би го предизвикала сакроилеитисот.

Доколку не се делува доволно брзо, болката од крстот може да влијае врз правилното функционирање на телото односно одењето и стоењето што би довело до компензарорни движења и влошување на состојбата.

Како се третира сакроилеитисот?

Физикалната терапија е најчестиот третман за сакроилијачен артритис. Физиотерапиата оди во насока на ослободување и намалување на симтомите. Мануалната терапиа (од различни методи во мојот случај “Мајтланд концепт”е одличен третман во акутна фаза во комбинација со електро магнетна  терапиа,ласер,ултра звук. Вежби за зајакнување или истегнувања на карличното дно и вежби за зајакнување на мускулите околу сакроилијачните зглобови.  Ова ќе го намали притисокот врз зглобовите и ќе ви помогне да го намалите напрегањето.

Превенцијата е исто битна и важна насока во оваа болест. Повремено станување и минимални бежби на работното место би ја подобриле подвижноста и мобилноста во карлицата и р’бетот.

More from СоветиMore posts in Совети »