Press "Enter" to skip to content

“The Reformer Room“ – нов салон за реформер пилатес во Битола (фотогалерија)

За прв пат Битола доби прекрасно студио за модерниот реформер пилатес. “The Reformer Room“ започнува со работа утре, 1 декември во центарот на Битола и на битолчани им нуди да вежбаат и да се физички активни по најнов тренд на пилатес машини. Реформер пилатес е современ и ефективен начин на вежбање со специјална машина – реформер. Со контролиран отпор и подвижна платформа, овој метод го зајакнува целото тело, го подобрува држењето, ја зголемува флексибилноста и развива силни јадрени мускули, без непотребен стрес врз зглобовите. Вежбите се прилагодливи за сите нивоа – од почетници до напредни, а комбинацијата на сила, контрола и стабилност ги прави идеални за подобра телесна функција, баланс и хармонија помеѓу тело и ум. Добредојдовте во просторот каде започнуваат промените.

Локација на студиото “Питу Гули“ 47б.

Текст и фото: Дамијана Ристевска