Press "Enter" to skip to content

Вечер сите патишта водат во Медицинско во Битола, дерби на 8. коло Пелистер – Газели

Денес од 19:30 часот екипата на Пелистер Волеј ја пречекува екипата на Газели Волеј во салата “Д-р Јован Калаузи“ во Битола.

-Можеби среќата не беше на наша страна до сега, па и покрај тоа што одигравме доста добри би рекле драматични натпревари, недостасуваат повеќе победи Но и покрај се во екипата има неверојатна хемија, владее одлична атмосфера, а се работи посветено со огромна желба за исчекор. Секој натпревар е ново поглавје и нов предизвик за нас во кој влегуваме максимално подготвени и мотивирани барајќи нова победа, порачаа од Пелистер Волеј.

Се очекува полна сала до последно место на вечерашниот дерби дуел кој воедно ќе биди пренесуван низ директен пренос на МРТ3. Остануваат уште мал број места, а влезници можат да се купат пред влезот на салата “Јован Калаузи“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »