На 30.11.2025 во 23:20 часот во СВР Битола, 43-годишна жена од битолско село пријавила дека во 20:00 часот, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен 41-годишен партнер и неговата 64-годишна мајка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Ноќеска (01.12.2025) во 03:00 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „8 Септември” во село Горно Оризари, битолско, во дворно место било опожарено паркирано патничко возило „шкода октавија” со битолски регистарски ознаки, сопственост на Б.К. (58) од село Горно Оризари. Од пожарот возилото целосно изгорело, а зафатени се куќа и гаража, сопственост на С.Р. (50) од Горно Оризари и Д.Р. (33) со престој во Австрија. Од Територијалната противпожарна единица Битола пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.






